На 16.11.2017 година околу 15,30 часот во Единицата за информирање и командување -Скопје, Г.М. пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот, неговиот 16 годишен син од с.Побожје- Скопје, ученик во средно училиште, додека чекал на автобуската постојка во близина на Народна банка на РМ, заедно со негови другари, бил физички нападнат од неколку лица на возраст од 16-17 години.
Од нападот малолетникот се здобил со видливи повреди, а се пожалил и на болки во главата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.