На 16.11.2017 година во 12.30 часот, Л.Е. (41) од Скопје пријавила дека лицето З.П. (32) од Скопје ја уценувал со објавување фотографии со експлицитна содржина и дека физички ја нападнал.
Според пријавата Л.Е. три години била во љубовна врска со З.П. и во мај годинава кога одлучила да ја прекине врската, тој почнал да и се јавува на телефон и да се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели. По краток период, З.П. испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, во мај годинава, според пријавителката, З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото.
Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство.
З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.