На малолетникот му е укажана лекарска помош, додека сопственикот на кучето ќе биде повикан во Секторот за внатрешни работи Тетово.
Единаесетгодишно дете од тетовското село Слатино билo нападнатo и каснатo од куче на локалниот пат во селото Теарце.
Вчера околу 15 часот момчето со тројца другари се движело пеш кон фудбалското игралиште во Теарце и тогаш од дворот од една куќа истрчало кучето, се нафрлило врз него, го соборило и му нанело повреда на десната подлактица, а потоа избегало.
На малолетникот му е укажана лекарска помош, додека сопственикот на кучето ќе биде повикан во Секторот за внатрешни работи Тетово.