Измамник ќари 1.500 денари
19-годишник пријавил во полиција дека вчера околу 13.30 часот на автобуската постојка на булеварот „Кочо Рацин“ бил измамен од непознато лице на возраст од околу 60 години. Наводно измамникот му одзел 1.500 денари.
„Додека пријавителот правел фотокопии на негови лични документи, дошол сторителот и го прашал дали може да му даде македонски пари за да и ги покаже на сопругата, а како гаранција дека ќе му ги врати парите му го оставил својот часовник (кој бил фалсификат часовник, односно бижутерија), по што тој излегол и не се вратил. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.