Мартин Јанушев имал пиштол кога бил убиен од Ф.С.

Пиштолот што бил најден на местото на убиството на фудбалерот Мартин Јанушев (28) на 3 ноември во скопската населба Аеродром, бил на татко му, а не на убиецот, покажала полициската истрага за овој случај.

 Според Код, непосредно пред убиството Јанушев бил повикан од осомничениот за убиството Филип Секуловски Кобра и добил порака – „дојди да се пресметаме“. Мартин го земал пиштолот на татко му, вработен во МВР, и излегол од зградата кај Ред кафе на улицата Владимир Комаров. Филип бил побрз од него и во главата и вратот на Мартин испукал 5 куршуми.

Код вечерва на ТВ Телма објави дека уличното осветлување на „Владимир Комаров“ се угасило пет минути пред убиството.

Филип Секуловски Кобра, главниот осомничен за убиството на Јанушев, на 3 ноември излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Неговата затворска казна требаше да заврши во јуни 2018 година. Пред убиството, Секуловски се сретнал со Раде Трајковски Штекли, исто така познато лице од скопското подземје.

Штекли на Фејсбук на 3 ноември објавил фотографија од Белград каде што наводно бил за време на убиството.

 Филип Секуловски е познато име од бизнисот со агенциите за обезбедување. Неговото име се поврзува со агенцијата за обезбедување Гепарт секјурити од Струмица и Омерта секјурити од Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека единствен осомничен за убиството на Јанушев е Ф.С. и дека полицијата сѐ уште трага по него.

 

 

Треба да знаете
Последни објави