Давитков сепак ќе има странец на располагање, Хендрикс повторно ќе игра за Македонија

Иако утринава најави дека Македонија во претквалификациите ќе игра без странец, сепак Давитков од утре на располагање ќе го има Ричард Хендрикс. 

Ѓорѓи Чековски и Бојан Трајковски нема да можат да настапат на престојните натпревари поради повреди, па нивното отсуство треба да го надополни Хендрикс.
 
Хендрикс во 2015 година доби македонски пасош, ги играше квалификациите под водство на Александар Џикиќ, настапи и на Европското првенство кога селектор беше Марјан Србиновски. Тогаш не се покажа во некое светло издание, но Давитков се надева дека ќе биде сериозно засилување за нашата репрезентација.
 
Американецот кој настапува за Галатасарај утре треба да допатува во Скопје и да му се стави на располагање на Давитков.
 
На 23. ноември Македонија и гостува на Словачка, тој меч се игра со почеток од 18 часот. Три дена подоцна во салата „Јане Сандански“ ја пречекуваме селекцијата на Швајцарија од 20:45 часот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави