Невработените во Исланд оваа година ќе добијат „божиќни бонуси“ како и сите други граѓани, кои имаат работа.
Регистрираните во бироа за вработување во декември ќе добијат бонус во износ од 65.162 круни, односно 530 евра, соопштило Министерството за социјална работа.
Лицата со повеќе деца ќе добијат четири отсто поголеми бонуси во однос на останатите невработени.
Право на бонус имаат помеѓу 3 900 и 4 200 луѓе, кои се воделе како невработение 10 или повеќе месеци во текот на 2017 година и кои активно барале работа во ноември и декември.
Според официјални податоци, стапката на невработеност на Исланд во септември изнесувала 1,8 отсто, што е една од најниските стапки на невработеност во историјата на таа земја.
Стапката на невработеност на Исланд од 2010 година кога изнесувала рекордни девет отсто, бележи константен пад.