Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На средбата во „Палата Србија“, македонскиот премиер на својот српски домаќин му подари дрес на фудбалскиот клуб Вардар со бројот девет и негово презиме на задната страна.
Заев претходно се сретна и со српската премиерка, Ана Брнабиќ со која договорија заедничка седница на владите на двете земји во 2018 година.