Над 16 милиони евра се предвидени во предлог буџетот за следната година за активните мерки за вработуање.
Според министерот за финансии Тевдовски оваа е досега најголема сума која што е издвоена за оваа намена. Средствата ќе помогнат секој кој бара да добие работа.
Освен од домашниот буџет, Македонија за вработување, образование и социјала ќе добие и дополнителни пари од Европската Унија.
Според последните податоци една третина од населението во Македонија е сиромашно. Овие бројки покажуваат дека состојбата со сиромаштијата e алармантна, затоа надлежните уверуваат дека решавањето на проблемот е ставен високо на владината агенда.
За намалување на невработеноста ќе помага и Унијата. Обезбеди 37, 5 милиони евра
Со европската помош досега 13 илјади лица успеале да се стекнат со знаење и вештини и да се вклучат на пазарот на трудот. Над 60 отсто од нив се вработиле, најголем дел млади.