По именувањето, Росијана го избришала својот профил на рускиот пандан на „Фејсбук“, „ВКонтакте“.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу има нова портпаролка, 26-годишната Росијана Марковска, која покрај професионалните квалитети е и убава и секси, а нејзините провокативни фотографии на Инстаграм беа доволни да стане интернет-сензација.
За портпарол на Шојгу била именувана на 15 ноември годинава. Инаку, Росијана родена е на 6 јануари 1991 година, дипломирала на Факултетот за новинарство на Далекуисточниот федерален универзитет, работела како дописничка од 2011 до 2015 година и како водителка и уредничка на државната телевизија Владивосток. По преселувањето во Москва, почнува да работи во телевизијата Ѕвезда.
Од 2016 до 2017 година работела како дописничка на вести.
По именувањето, Росијана го избришала својот профил на рускиот пандан на „Фејсбук“, „ВКонтакте“.