И македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов неодамна изрази загриженост за здравствената состојба на Темелко.
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) апелира до македонските институции итно да се дозволи потребната лекарска нега за Едмонд Темелко, кој е во истражниот затвор „Скопје“, пред да биде предоцна.
„Роднините на Едмонд Темелко нè информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега.
Држењето во притвор на Едмонд Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не ѝ служи на чест на нашата држава и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија, кои бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност“, с енаведува во реакцијата на МАЕИ.
При неодамнешната посета на албанскиот претседател Илир Мета во Скопје, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изрази загриженост за здравствената состојба на Темелко.