Сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот на автопатот Скопје – Велес после тунелот.
Едно лице е повредено денеска откако возилото со кое управувало излетало од автопатот Скопје – Велес.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот на автопатот Скопје – Велес после тунелот.
– Патничко возило марка „сеат кордоба“ излетало од автопатот. Повредениот возач со хеликоптер бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје – информираат за МИА од МВР.
Од Ургентниот центар потврдија дека лицето кај нив е донесено со хеликоптер и во тек се дијагностички иследувања по што ќе се знае на која клиника ќе биде префрлен.
Сообраќајот на таа делница од автопатот Скопје – Велес не е во прекин.