Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. кое се случи во Гевгелија.
Банална расправија за мобилен телефон била причината поради која дошло до караница и која на крај завршила со трагичен епилог. Од СВР Струмица информираа дека за убиството се осомничени две лица од Гевгелија против кои се поднесени и кривични пријави. 31 годишниот К.И. се соминичи дека госторил убиството додека 43 годишниот Р.К дека помагал во извршувањето на кривичното дело. Спроведената истрага покажала дека настанот се случил пред два дена во периодот помеѓу 21 и 22 часот во семејната куќа на второпријабениот во која тој седел со сега веќе починатото лице. Во еден момент пристигнал и првопријавениот кој донел и шише ракија од која пиеле сите тројца по што настанала вербална расправија.
,, К.И. најпрвин со употреба на физичка сила му нанел на Б.Р. удари во пределот на лицето, а потоа во континуитет продолжил на свиреп начин да му нанесува физички удари во пределот на главата предизвикувајќи смртни последици. Откако Б.Р не давал знаци на живот, К.И. и Р.К. прво го преместиле телото во друга просторија, а потоа Р.К. со умисла се обидел да ги прикрие трагите од кривичното дело.,, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица
По основ на сомневање дека строриле кривично дело убиство во текот на вчерашниот ден двајцата гевгеличани се лишени од слобода и однесени во полициската станица во Гевгелија. По нареднба на јавниот обвинител телото на жртвата е дадено на обдукцијаво судска медицина. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.