Условна казна за Лазаров

Судијката Татјана Михаилова му изрече условна казна на обвинетиот Томислав Лазаробв за насилството во oпштина Центар, предмет на Специјалното јавно обвинителство во кој првообвинет е поранешниотпремиер Никола Груевски.

Според одлуката на судот, Лазаров нема да помине шест месеци во затвор доколку во наредните две не стори ново кривично дело. Судијката Михајлова при објавување на одлуката рече дека предвид биле замени отежителните и олеснителните околности.

Томислав Лазаров, кој денеска беше осуден на шест месеци условна казна како обвинет во предметот на СЈО за насилството во општина Центар по изрекувањето на пресудата даде кратка изјава за јавноста во која што рече дека го цени тоа што судот ги ценел сите олеснителни околности што биле на негова страна.

„Ќе бидам краток бидејќи сум истоштен и истрошен. Можам да кажам само дека го ценат тоа што судот ги ценеше сите олеснителни околности по што и најавив дека нема да се жалам за висината на изречената санкција, а за се останато не можам да зборувам за да не им наштетам на останатите обвинети во овој случај“ – рече Лазаров, кој одби да одговори на прашањата на новинарите дали по признанието добил закани од некого и дали добил било каква рекација од неговите сопартијци, кои се обвинети во истиот случај.

 

 

Треба да знаете
Последни објави