Како што е познато, оваа болница ги затвори неколку оддели поради недостиг на медицински сестри.
Градската болница „8-ми Септември“ распиша оглас за вработување на 60 медицински сестри на неопределено време.
Платата е предивидено да изнесува 17. 620 денари.
По извршената селекција на пријавените кандидати за медицински сестри кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствената заштита.
Се очекува овие вработувања да завршат до крајот на годинава, а и следата година да се добие одобрение од Министерството за финансии за вработување на уште 60 сестри.
Како што е познато, оваа болница ги затвори неколку оддели поради недостиг на медицински сестри.