Меѓународна истрага е потребна затоа што граѓаните бараат одговори дали некој им овозможил на осудените во Диво Насеље да стигнат таму каде што стигнаа, дали Никола Младенов е убиен или не, како и на други прашања, рече премиерот Зоран Заев во парламентот.
-Граѓаните се жедни за одговори на важни прашања бидејќи за некои од нив овие одговори зависат дали ќе останат овде или ќе заминат во друга држава – истакна Заев.