Од Основното јавно обвинителство информираа дека го идентификувале едно од починатите лица кои беа убиени во престрелка при обидот да ограбат менувачница во Кисела Вода.
Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени биле траги од лице место, како и снимките од видео надзорот од менувачницата.
Обвинителството во моментов работи на идентификација на второто убиено лице.