Специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“, објави Макфакс.
Специјалната јавна обвинителка доби високо признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот, додека специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“, објави Макфакс.
Признанијата во име на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана ги врачи потпретседателот на советодавниот одбор на ИФИМЕС, Ернест Петрич, кој е поранешен член на Уставниот суд на Словенија.
Јанева се заблагодарила на признанието и истакнала дека покрај секојдневната поддршка од граѓаните на Македонија ова признание ќе биде поттик и дополнително охрабрување за идната работа на СЈО.
– Нè очекува уште многу работа, сите вработени свесно ја прифативме оваа работа. Ова признание им припаѓа на сите вработени, но и на граѓаните на Македонија кои иницираа демократски промени, а клучот на тие промени е зајакнување и развивање на институциите на правната држава. Граѓаните сакаат правна сигурност и заштита. Токму нашето делување, покрај процесуирање на одговорните за разни кривични дела кои настанаа врз основа на незаконско прислушување на граѓаните, е да ја вратиме довербата на граѓаните во правната држава – рекла Јанева.