Чавков според нашите сознанија е осомничен за дела против државата и поради тоа е приведен.
Неговото апсење е извршено утрово во 5 часот и триесет минути во неговата куќа во Аеродром.
Веднаш по приведувањето е префрлен во скопски Основен суд 1.
За време на крвавиот четврток Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија.
Прстот на вина и одговорност во него го впери и тогашниот министер Агим Нухиу, кој рече дека Чавков не му се јавува на телефон, во критичните моменти.