Вчера утрото при излегувањето од трговскиот центар „Сити Мол“, С.Ѓ. (19) вработен во „Спорт Вижн“ бил ограбен додека одел кон „Комерцијална Банка“ за да изврши уплата на прометот.
Две непознати лица го удриле по стомакот и главата и му ја одзеле кесата во која што имало 1.049.100 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.