Во неколку наврати демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“, „Никола, Никола“ и „Слобода, Слобода“
Пред неколку минути во судот дојде и Богдан Илиевски Бетмен, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, кој како што јавија некои медиуми, сам се пријавил во судот.
Претходно, само се пријавил и Борис Дамовски, исто така од движењето „За заедничка Македонија“.
Претходно пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во моментов се поставува озвучување преку кое најверојатно ќе се обрати и тој.
Покрај Груевски на протестот се присутни и неколку истакнати партиски лица и поранешни функционери. Меѓу нив и екс министрите Владо Мисајловски и Спиро Ристовски, како и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тука е и екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
Груевски се поздрави со дел од присутните граѓани, но се уште не дал изјава за медиумите.
Во неколку наврати демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“, „Никола, Никола“ и „Слобода, Слобода“…
Фото: А1он