Марија Ј., сопругата на трагично настраданиот Марко Анѓелиќ(32) од Требиње, која загина додека ги развозувал пријателите од свадбата, се прости од него со трогателни зборови. Марија на Фејсбук ги информираше семејството и пријатели дека погребот ќе се одржи утре.
-Мојот најсакан сопруг… Поделете понатаму за сите пријатели да бидат информирани – стои во објавата на некрологот.
Анѓелиќ загина во Мокри Долови, населба во Требиње, кога автомобилот “алфа ромео” од непознати причини излетал од патот и удри во карпа. Тој загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месец, па соседите велат дека можеби погрешно свртел. Во несреќата две лица се потешко, а две полесно повредени.
Марко живеел и работел во Белград, а пред неколку дена дошол во неговиот роден град да се ожени.