Катастарските услуги се намалуваат од 28 до 90 насто

На вчерашната седница владата ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот.

Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.

На седницата владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбата и напредокот во процесот на европска интеграција, и го задолжи Секретаријатот за европски прашања веднаш да достави листа на закони, стратегии, планови и програми од План 3-6-9 со насоки како оперативно средство за следење на реализацијата на Планот 3-6-9.

Треба да знаете
Последни објави