ВМРО-ДПМНЕ преку партиското соопштение најави нови протести за денешниот ден.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата кај Порта Влае;
– Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9), Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.