Судот денеска треба да му ја изрече пресудата на обвинетиот Јордан Ристевски за насилствата во Општина Центар, а кој вчера ја призна вината.
Ристевски ја призна вината пред судијата и обвинителите од СЈО, а потоа одлучи да се застапува сам, без помош од адвокат.
„По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење“, рече Ристевски вчера во судницата.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Претходно и Томислав Лазаров призна вина и беше осуден условно.