Денес во Владата на Република Македонија, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев во своето обраќање пред присутните истакна дека потпишувањето на договорот за градежно земјиште е доказ дека Владата ќе гради добар однос со странските, но и со домашните инвеститори и дека владината поддршката за нови инвестиции ќе биде и повисока од минатото.
Ејуп Ѓулсој, Менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од над 6.000 метри квадратни метри и да се вработат околу 300 лица. Во периодот од 10 години, компанијата би вработила вкупно 600 лица, а вкупниото производство би се простирало на околу 18.000 метри квадратни.
Директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски истакна дека условите за инвестирање во зоните се исти за сите компании и дека дирекцијата е во постојани преговори со домашни и странски компании кои се заинтересирани за инвестиции.
Компанијата Мурат Тиџарет ќе функционира во Република Македонија под името Murat Wiring Systems, кои согласно договорот во наредните 50 години ќе добијат на користење земјиште со површина од 32 илјади квадратни метри, по цена на користење од 0,1 ЕУР по метар квадратен годишно. Првата фаза на инвестицијата ќе започне во февруари 2018 година, а се очекува производствениот погон да започне со работа во декември истата година