Џон Гомез (51) се обидувал да го имитира тоа што го видел на телевизиската емисија „Форџд ин фајр“, каде што учесниците се натпреваруваат во ковање мечеви, при што предизвикал пожар кој што уништи 21 зграда во градот Кохос во сојузната држава Њујорк во САД.
Тој запалил оган во метално буре, но набрзо изгубил контролата по што огнот се проширил. Од пожарот три згради се целосно уништени, а 18 се оштетени.
Против него е покренато обвинение за предизвикување на пожар, а за време на сослушувањето се изјаснил како невин.
https://www.youtube.com/watch?v=FvVPb5aXUcg