ВМРО-ДПМНЕ заедно со сцоите поддржувачи и симпатизери вечерва протестираа пред затворот во Шутка како поддршка за приведените учеснисници од настаните во Собранието на 27.април.
На четвртиот протест по ред на партијата присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски.
Тие повторно побараа итно и безусловно запирање на сите процеси и ослободување на притворените.
Александар Даштевски пред собраните рече дека конструкцијата на делото е смешна и дека нема никакви основи за тероризам.