СВР Тетово соопшти дека станува збор за Б.И. (30) од скопското село Љуботен.
Полицијата го откри идентитетот на безживотно тело на машко лице пронајдено покрај локалниот пат Стримница-Желино како Б.И. (30) од скопското село Љуботен, општина Бутел, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Безживотното тело на Б.И беше пронајдено во четвртокот во бездна покрај локалниот пат Стримница-Желино во месноста „Ледина“ по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид и при прегледот на телото не биле утврдени траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител била извршена и обдукција, а според податоците од истрагата идентификацијата на починатиот била отежната бидејќи кај себе немал никакви лични документи и телото било во поодмината фаза на распаѓање.
Од полицијата утврдиле дека Б.И. бил пријавен како исчезнат од страна на неговиот брат на 14 ноември откако претходниот ден излегол од дома и не се вратил.
Полицијата сега истражува како починатиот се нашол на местото каде е пронајден а истрагата работи и на утврдување на причините за смртта и се друго поврзано со случајот рече Јосифовски.