Ниту претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ниту Сашо Мијалков, немаат никаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ, во кое тој ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и Војислав Спаравало, директорот на фирмата СЦМГ, која ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац.
„Ниту претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми во Србија, како што пренесуваат медиумите под контрола на СДС. Зоран Заев и СДС имаат потреба да ја дефокусираат јавноста со секакви манипулации за да го сокријат срамот што граѓаните секојдневно го гледаат. Изнесените наводи во интервјуто кое го пренесуваат порталите блиски до СДС се целосно неточни и најостро ги демантираме“, се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ