Полицијата во Литванија објави снимка од драматична потера. Органите на редот во околината на градот Маријамполеа минатата недела сакале да запрат Volvo XC90.
Но, возачот на теренецот се обидувал да побегне и притоа користел досега невидени методи – не само што „летал“, забрзувал, кочел, туку и создавал димна завеса, а во еден момент фрлил клинци на полицискиот автомобил.
На крај во потерата се вклучил уште еден полициски автомобил, па силеџијата зад волaнoт бил запрен со доста мака.
Полицијата соопшти дека животите на нивните службеници биле загрозени.
https://www.youtube.com/watch?v=hePrs5TyE0A