Започна маршот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски на чело

Пред Министерствот за правда започна Маршот организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Насобраните граѓани извикуваат „слобода, слобода“ и „Никола, Никола“.

Маршот го предводи Никола Груевски.

Присутни се повеќемина екс функционери и членови на партијата, меѓу кои и Христијан Мицковски, Коце Трајановски, Оливер Андонов, Александар Николовски.

Граѓаните носат натписи „Слобода за Богдан“, „Дурловски е уметник, не терорист“. Се пеат песни „Наше ќе биде солунско поле„ и „Земјо Македонска“.

прочитај: www.a1on.mk

 

Треба да знаете
Последни објави