Илјадници куќи се уништени, а под вода се десетина илјади хектари земјоделско земјиште во поплавите во Албанија
„Поплавени се над 3.300 куќи, а евакуирани се 5.000 лица. Многу патишта и вкупно 28 мостови се уништени. Најголема штета има во Фиер и во Валона“, соопшти националниот кризен штаб.
На терен во поплавените подрачја ангажирани се 6.400 припадници на армијата, полицијата и другите надлежни служби, а властите веќе почнаа да вршат проценка на штетите.
Во поплавите загина едно лице во Фиер.
https://www.youtube.com/watch?v=r37ujjvPZlM