На 02.12.2017 година во 17,50 часот во Скопје на улица „Никола Карев“ патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ц.(31) од Скопје, удрило во пешаците С.К.(65) и Б.К.(67) двајцата од Скопје.
С.К. со возило на брза помош е пренесена во Градска оппшта болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување.
Б.К.со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар – Скопје, каде исто така му се констатирани тешки телесни повреди и истиот е во животозагрозувачка состојба и е задржан на лекување во КАРИЛ.
Извршен е увид на местото на настанот.