Пратеникот Димовски: Ниту бегам, ниту се кријам
Љупчо Димовски од Социјалистичката партија на Македонија, еден од шестмината осомничени пратеници за „крвавиот четврток“, во изјава за Дојче веле, демантира дека не е достапен за полицијата. Како што вели, тој сè уште не добил покана од судот.
– Покана од судот не сум добил. Ниту од некого бегам, ниту од некого се кријам, затоа што немам никаква потреба за тоа. Не ми преостанува ништо друго, освен самиот да се јавам за да го дадам мојот исказ – изјавил Димовски.
Тој вели дека постојано е на адресата што е наведена во неговите лични документи и во изминатите денови или е во неговиот дол или ги извршува партиските работни обврски во просториите на партијата.