Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска потврди дека до нив пристигнало известувањето за симнувањето на имунитетот на шестмината пратеници од Собранието на Република Македонија.
„Известувањето е доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадени услови да се постапува во предлогот на обвинителството. Судиите на претходна постапка кои постапуваат по предлогот ги известуваат странките во конкретната постапка кога ќе бидат повикани да се произнесат во однос на предлогот, а по донесено решение од страна на судиите, јавноста ќе биде навремено известена“, изјавиле од судот за МИА, но не соопштуваат дали пратениците се повикани утре да се произнесат.