Во 19 часот на улица “Божин Николов” во Скопје по претходна пријава за сторено кривично дело се упатиле полициски службеници кои забележале патничко моторно возило “Даеву Рејсер” со скопски регистарски ознаки во кое имало две лица.
Бидејќи истите не застанале на даден знак туку со голема брзина го напуштиле местото на настанот од страна на полициски службеник е испукан еден проектил во воздух поради предупредување.
Околу 19 часот и 15 минути на булевар “Борис Трајковски” во правец од населба Пинтија кон Драчево возилото повторно не застанало на даден знак, истите се дале во бегство и ја пробиле блокадата.
Потоа го оставиле возилото и пеш избегале во непознат правец, по што од страна на полицискиот службеник повторно биле испукани уште неколку проектили во воздух.
За настанот е известен Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.