Ваква ситуација, со голема матност на водата од струшкиот водовод имаше и кон средината на минатиот месец.
Перманентните обилни врнежи од дожд во изминативе неколку дена на подрачјето на Охрид и Струга, повторно го нарушија квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга. Предупредувањето е од аспект на параметарот матност, информираат од Центарот за јавно здравје од Охрид.
Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на центарот, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.
Поради тоа, и согласно Законот за безбедност на вода, водата од градскиот водовод во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа не е здравствено безбедна и истата не е пожелно да се користи за пиење, без претходна термичка обработка.
Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
Ваква ситуација, со голема матност на водата од струшкиот водовод имаше и кон средината на минатиот месец.
Според тој параметар и според пропишаниот правилник за безбедност на водата за пиење, беше забележана 3-4 пати поголема матност на водата од дозволената.