Во Кривичниот суд во Скопје денеска на распит се повикани шестмината пратеници на кои Собранието минатата недела им го одзеде имунитетот за нивното учество во настаните од 27 април и упадот во Собранието. Досега на распит дојдоа Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски
Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Но и покрај одезмањето на имунитетот на пратениците, тие, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.