Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили уапсен е денес во Киев под обвинение за обид за соборување на власта.
Сакашвили бил уапсен на покривот од својата куќа, од каде претходно се заканувал дека ќе скокне, откако полицијата дошла во неговата куќа да изврши претрес.
Адвокатот на Сакашвили изјави дека екс претседателот на Грузија е обвинет за уривање на уставниот поредок на Украина.
Сакашвили се качил на покривот од каде извикувал пароли против украинскиот претседател петро Порошенко.
-Порошенко е крадец и измамник на украинскиот народ. што и да ми се случи мене, излезете на улиците и продолжете со борбата, извикувал Сакашвили пред да биде уапсен.
Како што соопшти украинската агенција UNN, повикувајќи се на извори, претресот се врши заради сомнежи дека протестните акции во кои учествува политичарот го финансира окружувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович.
https://www.youtube.com/watch?v=SsiojaNRTLM