Снежана Тројачанец (52) утрово во 6 часот излегла од семејниот дом и не се вратила дома.
Нејзиниот сопруг П.Тројачанец шест часа потоа помош побарал од полицијата.
За нејзиното исчезнување сопругот ги известил полициската службеници во полициската станица во Ѓорче Петров. На полицијата ѝ кажал дека таа излегла од дома и заминала во непознат правец.
Од полицијата велат дека трагаат од исчезнатата жена.
Снежана Тројачанец е професорка на Земјоделскиот факултет во Скопје.
Според нејзиниот сопруг, Тројачанец се лекува од депресија и таа последниот месец не излегувала од дома и била на домашно лекување.
„Ве молам помогнете ми да ја најдам мојата сопруга и мајката на нашите синови, Снежана Тројачанец! Не знам кога излегла од дома, тоа се случило додека спиев, можеби било и во тек на ноќта, не можам со сигурност да кажам, јас забележав дека ја нема утринава кога станав, околу седум часот. Ладно е надвор, се стемнува, итно ни треба помош“, апелира сопругот