Во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, кој е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе биде поставена една мобилна мониторинг станица во Општина Бутел.
Мобилната станица ќе има за цел да направи идентификација на квалитетот на воздухот во општина Бутел.
На територијата на Град Скопје се поставени 5 станици и тоа во Центар 2 станици и по една станица во Аеродром, Гази Баба и Карпош.