ЌЕ ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И ТАЧИ

Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифатил обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности.

Ќе им се суди на политичари од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, но овој предмет ја опфаќа и ДПА, поточно нејзиниот претседател Мендух Тачи и поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, информира Фокус.

Сепак Советот не го прифатил предлогот за злоупотреба на службената положба да одговараат и петте судии од Управниот суд. Претходно судскиот совет им го одзеде имунитетот на управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула, кој ги штитеше од кривична одговорност.

Меѓу обвинетите функционери се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, членот на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, поранешните членови на ДИК, Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

Предметот „Титаник 2“ се однесува на местење на резултати од локалните избори во 2013 година. Според бомбите што ги објави опозицијата Мијалков и Тачи се договарале за гласање во однос на поднесени приговори до ДИК. Прислушуваните разговори ќе бидат употребени како докази во постапката со одлука на Апелациониот суд.

Треба да знаете
Последни објави