Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 11 месеци ќе мораат тоа да го направат во декември.
Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.
Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 11 месеци ќе мораат тоа да го направат во декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.
Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во поселдните три месеци.
До крајниот рок за исплата (31.12.2017) од Државниот завод за статистика е објавена просечната нето и бруто плата по вработен за месеците јули, август и септември.
Просечната нето (бруто) плата по вработен за овие месеците јули, август и септември изнесуваше 22.671 (33.328), 22.912 (33.675) и 23.229 (34.127), респективно.
Врз основа на овие податоци, висината на регресот за годишен одмор (К-15) ќе се движи од 9.174 денари (40 отсто од просечна нето плата во последните 3 месеци) до 13.484 денари (40 отсто од просечна бруто плата во последните 3 месеци).
Дел од компаниите започнаа со исплатата, останатите имаат рок до 31 декември.