Пред камери им се суди на Груевски и Јанакиески

За прв пат во предмет за кој СЈО поднесе обвинение, во големата судница се вклучени две камери кои ќе го снимаат судењето за насилството во општина Центар.

Обвинети во овој предмет се поранешниот премиер, Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Ова е прв пат судење по предмет на СЈО да биде под видено надзор. Како што објасни судијката Татјана Михајлова, судењето се снима со две рачни камери, но само визуелно, а не и тонски.

Кога судијката извести дека се снима, адвокатот Димитар Дангов изреагира дека што се снима не треба да се води записник на компјутер. Тој побара сите досегашни запизници да бидат потпишани од сита странки, обвинители, обвинети и адвокати, бидејќи, како што рече, непотпишани немале важност.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави