Ноќеска околу 01.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во два угостителски објекти во с.Боговиње и с. Брвеница со цел пронаоѓање на странски државјанки кои го злоупотребуваат нивниот туристички престој.
Во угостителскиот објект во с.Боговиње, сопственост на Н.Ш.(33) од истото село, биле затекнати три државјанки на Република Албанија, една државјанка на Косово, како и четири женски лица од Република Македонија.
Лицата се на возраст од 22 до 36 години, а во објектот биле ангажирани како пејачки и танчерки. Сопственикот и затекнатите лица биле приведени во СВР Тетово, по што странските државјанки биле задржани и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Во угостителскиот објект, лоциран на патот за с.Брвеница, не биле затекнати странски, туку само три македонски државјанки.