На патниот правец А2 Кичево – Охрид на планинскиот превој Пресека поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 2 – 5 метри.
Екипите на ЈП Македонија пат работат на негово расчистување и нормализирање на сообраќајот. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.