Уапсени 23 странски државјани во Турција кои планирале напад

Во операција на турските сили за борба против тероризмот против џихадистичката Исламска држава денеска биле приведени 23 лица.

За осомничените имало сознанија дека подготвуваат сензационален напад во име на ИД. Во рамки на истрагата, истовремена операција била спроведена на шест колации во Истанбул, при што биле задржани 23 странски државјани.

При претресите биле запленети голем број на документи на ИД и дигитални материјали.

Треба да знаете
Последни објави