На 10 октомври во 23.15 часот во полициската станица-Карпош било пријавено дека на ул.„Разловечко востание” пред станбена зграда пронајдени биле две отруени кучиња.
Од страна на увидна екипа од скопската полиција излезено е на местото на настанот и бил извршен увид.
Денеска пак , велат од МВР, во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето на полициската станица Аеродром на булеварот “Јане Сандански“, од страна на непознато лице бил оставен отров во куќарка за куче.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случаите.