Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски поднесе до Собранието барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата. Неговиот мандат требаше да трае до 2020 година.
Како што вели Чичаковски, оставката ја поднесува од лични причини. Oставки поднеле Вилета Дума и Игор Милев, членови на Комисијата предложени од СДСМ.
Нивните оставки следат по бурните реакции од јавноста за бонусите кои си ги поделиле членовите на ДИК по завршувањето на последните неколку изборни циклуси. Надоместоците во висини од неколку просечни плати биле едногласно изгласани на седници на Комисијата затворени за јавноста.
Чичаковски како претседател на Комисијата беше предложен по Пржинскиот договор во 2015 година од редот на експерти.